
Победникот на Светското клупско првенство ќе заработи до 125 милиони долари, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
ФИФА потврди дека наградниот фонд на Светското клупско првенство изнесува милијарда долари, а денеска ја објави распределбата на наведената сума.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
“Моделот на распределба на наградите на СП претставува најголем награден фонд досега на еден турнир. Победникот може да заработи до 125 милиони долари,” изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Британските медиуми потсетуваат дека половината од наградниот фонд ќе го добијат учесниците на клупското СП како фиксен, загарантиран износ.
“Покрај средствата кои се обезбедени за клубовите учесници, ќе се спроведе и програма за солидарност, со цел дополнително да се распределат 250 милиони долари за фудбалот низ светот. Целиот приход ќе биде распределен кон клубовите, а резервите на ФИФА кои се наменети за развој на фудбалот во 211 членки, ќе останат нетакнати,” додаде Инфантино.
Клупското СП ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули оваа година.