Дома Фудбал Португалецот доби отказ, Арапите не се задоволни од неговите резултати

Португалецот доби отказ, Арапите не се задоволни од неговите резултати

Пауло Бенто ја презеде репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати во јули 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот Пауло Бенто повеќе не е селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, објави Фудбалската федерација на земјата.

„Фудбалската федерација на Обединетите Арапски Емирати одлучи да го отпушти селекторот на националниот тим Пауло Бенто, заедно со неговиот стручен штаб“, објави федерацијата на социјалните мрежи.

ОАЕ се трети во група А во квалификациите за Светското првенство, со четири бодови помалку од второпласираниот Узбекистан два кола пред крајот. Двете најдобри селекции од сите три групи ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство.

Бенто ја водеше Јужна Кореја 2022 година до нокаут фазата на Светското првенство, а во 2012 година со репрезентацијата на Португалија играше во полуфиналето на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемиот навивач на Лео Меси има 100 години! Бабата ја освои публиката на Светското првенство /ФОТО/

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светс…