Дома Останати Тенис Мира конечно загуби, па доби – среден прст (Видео)

Мира конечно загуби, па доби – среден прст (Видео)

Руската тенисерка Мира Андреева беше поразена во третото коло на турнирот од серијата ВТА 1.000 во Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше првиот пораз за седумнаесетгодишната Русинка по две последователни титули, во Дубаи и Индијан Велс, и 13 победнички натпревари во низа.

Завршницата на натпреварот, како и „третото полувреме“, донесоа драма за сите љубители на женскиот тенис.

При резултат 3:1 во третиот сет за Анисимова, таа побара медицински тајм-аут усред гејмот поради повреда што ја здоби на раката, велејќи на судијата „дека не може ни да држи рекет“.

На Андрејева тоа не ѝ се допадна и јасно прокоментира дека „сите знаеме зошто“ Андрејева го зеде медицинскиот тајм-аут во тој момент.

По натпреварот, Американката реши да се огласи на социјалните мрежи со снимка од својот среден прст и објасни зошто мораше да земе медицински тајм-аут сред гејм, но тоа не беше сѐ.

Во еден момент покажа само среден прст пред камерата и со тоа испрати јасна порака до помладата колешка, со додавање коментар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…