Пред вториот натпревар од четвртфиналето на Лига на нации помеѓу Португалија и Данска, капитенот на домашната репрезентација, Кристијано Роналдо, ја доби наградата за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалската ѕвезда го доби признанието за 132 победи во репрезентативната кариера, што е најмногу во историјата на фудбалот.
“Сум губел натпревари за 90 минути, но никогаш во прво полувреме. Против Данска се одигра само првото полувреме. Секој има лош ден и ние го имавме во Данска.”, изјави пред натреварот Роналдо.
За Роналдо, ова беше 217. натпревар за Португалија. За репрезентацијата постигна 135 голови.