Дома Македонски спорт Трајковски: Важно беше да победиме, но во Скопје не чека потежок натпревар – нека дојде публиката во уште поголем број!

Трајковски: Важно беше да победиме, но во Скопје не чека потежок натпревар – нека дојде публиката во уште поголем број!

Фудбалската репрезентација на Македонија денес одигра одличен натпревар и го победи Лихтенштајн со 0:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од стрелците беше Александар Трајковски кој го отвори резултатот уште во седмата минута.

„Знаевме дека многу е важно да започнеме со победа, но и секој натпревар е важен. Нема лесен противник, можеби така изгледа, но ние за секој натпревар се подготвуваме како е да најважниот натпревар.

Во Скопје не чека нов натпревар и потежок од овој денеска затоа што играме против поквалитен противник, па ни следат подготовки за тој натпревар и ќе се обидеме да победиме. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи што денеска беа тука и се надевам на уште поголема поддршка против Велс во Скопје.“

Натпреварот против Велс е закажан за во вторник во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …