Дома Моторспорт Хамилтон по првата победа со Ферари: Патот е како – маратон, а не спринт

Хамилтон по првата победа со Ферари: Патот е како – маратон, а не спринт

Луис Хамилтон триумфираше во првата спринт трка на сезоната во Шангај, остварувајќи ја својата прва „мини“ победа како возач на Ферари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Седумкратниот првак ја контролираше трката од стартот до целта, додека на подиумот го следеа Оскар Пјастри и Макс Верстапен.

Хамилтон одлично стартуваше, веднаш го затвори Верстапен и изгради предност веќе во првите кругови.

Пиастри долго го притискаше возачот на Ред Бул, а откако Верстапен имаше проблеми со гумите, Австралиецот успеа да го претекне.

„Не чувствувам притисок од навивачите, знам дека сите сакаат победа, но реков и минатиот пат: Чекор по чекор, одиме полека напред, остануваме мирни. Знам дека овие моменти не’ возбудуваат сите, но овој пат е долг, маратон, а не спринт!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…