
Ова би било најголемото чудо во историјата на фудбалот.
Проширувањето на Светското Првенство од 32 на 48 репрезентации најмногу му ја олесни работата на Нов Зеланд.
Оваа селекција која се натпреварува во Океанија остана без најголемиот ривал Австралија кога „кенгурите“ преминаа во азиските квалификации, а потоа им беше укинат и баражот против претставник од друг континент, па сега Новозеланѓаните „се прошетуваат“ до Светското Првенство 2026 година.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Репрезентацијата која два пати во својата историја играше на најголемиот светски собир, последен пат во 2010 година, ќе биде на следното Светско Првенство доколку на 23 март ја совлада Новата Каледонија во својот Оукланд.
Овие две селекции дојдоа на чекор од Светското Првенство откако остварија победи во полуфиналето на квалификациите. Нова Каледонија со 3:0 беше подобра од Хаити, додека Нов Зеланд со убедливи 7:0 го совлада Фиџи.
Улогата на апсолутен фаворит во финалето припаѓа на Нов Зеланд за кој настапува еден од најдобрите стрелци на англиската Премиер лига, играчот на Форест, Крис Вуд, како и некогашниот играч на Црвена Ѕвезда, Марко Стамениќ.
Доколку, како чудо, Нова Каледонија успее да направи сензација и го победи Нов Зеланд, тоа ќе биде најневеројатната приказна во историјата на фудбалот, бидејќи оваа држава под патронат на Франција има помалку од 300.000 жители.