Дома Фудбал Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Фудбалскиот клуб Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата на Жил Кунде, а новата цел е – Гиваиро Рид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за десниот бек на Феенорд, кој има само 18 години, но веќе е стандарден член на клубот од Ротердам.

Оваа сезона тој одиграл 17 натпревари во Ередивизија и има дури шест асистенции, а настапил и три пати во Лигата на шампионите.

„Трансфермаркт“ го вреднува на четири милиони евра, но јасно е дека Холанѓаните ќе бараат многу повеќе поради потенцијалот што го поседува.

Инаку, Гиваиро има договор до летото 2028 година, така што Фејнорд не брза со неговата продажба.

Освен Барса, по него следи и Ливерпул, кој сигурно ќе биде активен на оваа позиција на пазарот, во случај да замине Трент-Александер Арнолд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…