Дома Фудбал Андри нема дилеми: Овој гол е најдобриот во кариерата на Меси (Видео)

Андри нема дилеми: Овој гол е најдобриот во кариерата на Меси (Видео)

Лионел Меси (37) постигна 854 голови, а многу од нив се прекрасни, голнитерски ремек-дела кои се паметат и се гледаат повеќекратно. На врвот на неговата кариера, особено во Барселона за која постигна 672 гола, Меси имаше неверојатна способност за дриблинг на противниците како да не постојат, по што мајсторски ќе постигнеше гол.

Тоа е една од причините зошто го сметаат за најдобриот фудбалер на сите времиња. Незаборавен е голот на Меси против Хетафе, кој го постигна по трчање и дриблинг во стилот на Марадона и многумина токму тој го сметаат за најдобриот гол на иконата на Барселона и Аргентина.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Но Тјери Анри (47), кој од 2007 до 2010 играше со Меси во Барселона, издвојува еден заборавен гол на аргентинскиот волшебник како најдобар на Меси. Интересно е што тој гол не се наоѓа на листите или компилациите на најдобрите, најубавите или најатрактивните голови на Меси, но вреди да се види зошто еден од најголемите голгетери го смета токму за таков. Анри тврди дека голот на Меси против Малага во сезоната 2008/09 е негов најдобар.

“Голот на Меси против Малага на Камп Ноу е негов најдобар затоа што начинот на кој го постигна тој гол му пркоси на логиката. Дијагонална топка, контрола со градите, во трчање со полна брзина. Првиот противник оди кон него, вториот е веднаш зад него. Ако Меси тука ја има топката на левата нога, како може со истата таа нога повторно да ја допре топката во воздухот и тоа помеѓу двата бранители како ниту еден од нив да не ја допре. И тогаш, откако речиси не успее, Меси ја постигнува топката во горниот агол. Тоа не е нормално”, го опиша го Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико подготвува понуда за Нуњес

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира да достави понуда за напаѓачот од Ливерпул, Дарвин …