Дома Останати Тенис Сабаленка: Би сакала да бев малку попаметна кога бев помлада

Сабаленка: Би сакала да бев малку попаметна кога бев помлада

Сабаленка беше поразена во финалето на Индијан Велс од 17-годишната Мира Андрејева со 2-0 во сетови.

„На нејзина возраст, бев опкружена со погрешни луѓе. Кога се ослободив од нив и го доведов вистинскиот тим, добив самодоверба, се беше помирно и атмосферата во тимот беше здрава. Тимот е многу важен”, изјави Сабаленка и продолжи:

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Гледам дека нејзиното семејство ѝ помага, тоа е исто така важно, а таа е искусна и фина личност. Мира создаде вистински тим многу порано од мене. Би сакала да го имав мојот денешен тим на нејзина возраст”.

„Не жалам за ништо, тоа е мое искуство. Благодарение на тоа искуство, сега сум помудра и знам некои работи. Сепак, секако би сакала да порано повеќе ги слушав семејството, да бев малку попаметна“, додаде првата тенисерка на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Женева

Додека сè уште се шпекулира зошто Новак Ѓоковиќ не игра во Рим, што престојот во Соединети…