Дома Фудбал Има само 21 година, а веќе донесе голема одлука: Ќе останам тука до крајот на кариерата!

Има само 21 година, а веќе донесе голема одлука: Ќе останам тука до крајот на кариерата!

Нема многу играчи кои со само 21 година знаат каде сакаат да ја завршат својата фудбалска кариера, но ова момче дефинитивно има јасна визија за иднината.

Барселона секогаш беше позната по својата школа на фудбал, познатата „Ла Масија“, а еден од последните „продукти“ од таму е Марк Касадо.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Касадо дојде во младинските категории на каталонскиот клуб во 2016-та година, кога имаше само 13 години.

Тој беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, а имаше чест да биде капитен на „Јувенил А“ тимот (категорија под 19 години).

Неговите настапи во младинските категории не поминаа незабележани, па Чави му даде шанса во сениорскиот тим во ноември 2022 година.

Тогашниот шеф на стручниот штаб на Барселона го вклучи во игра на еден натпревар од Лига на шампиони – во 67-та минута од натпреварот против Викторија Плзен го замени Франк Кеси.

Досега има собрано веќе 40 настапи за сениорскиот тим на сите натпреварувања, а на својата сметка има еден гол и шест асистенции.

Сега, со една изјава ги освои срцата на сите навивачи на Барселона и уште еднаш покажа колку навистина го сака овој клуб.

„Би сакал целата кариера да ја играм и да ја завршам во Барселона! Тоа е мојот сон, бидејќи тоа е клубот кој го сакам“, изјави младиот Касадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кражба на летото: Директорот на Арсенал закажал состанок – ќе му го расипе договорот на Манчестер Јунајтед

Навивачите, но и сите во Манчестер Јунајтед сега ќе имаат дополнителна причина да бидат лу…