Дома Моторспорт Макларен се распрашувал за услугите на Ферстапен

Макларен се распрашувал за услугите на Ферстапен

Според пишувањето на „Де Телеграаф“, извршниот директор на Макларен, Зак Браун, се распрашуваше за состојбата со договорот на актуелниот шампион на Формула 1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но сè повеќе се шпекулира за неговата иднина, особено откако го напушти Адријан Њуи.

Австрискиот тим не може да биде целосно сигурен дека Верстапен ќе остане до крајот на договорот, што го потврди и Хелмут Марко.

Советникот на Ред Бул не исклучи можност дека Ферстапен може да го напушти тимот и пред истекот на договорот.

Според тие сознанија, Макларен, наводно, сакал да испита какви се шансите да го доведат четирикратниот шампион.

Зак Браун лично му потврди на новинарот на „Де Телеграаф“ дека постоело прашање за состојбата на Ферстапен.

Меѓутоа, шефот на Макларен нагласи дека контактот бил исклучиво од информативен карактер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…