Дома Фудбал Ретклиф изјави дека фудбалерите на Манчестер јунајтед се преплатени, Фернандеш му одговори

Ретклиф изјави дека фудбалерите на Манчестер јунајтед се преплатени, Фернандеш му одговори

Во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го совлада Реал Сосиедад со 4:1 и обезбеди пласман во следната рунда на натпреварувањето. Таму, во четвртфиналето, ќе играат против Лион, кој со победа од 4:0 против ФЦСБ го потврди својот пласман.

Шпанците поведоа во 10. минута, откако по интервенцијата на ВАР беше досуден пенал по прекршокот на Матис де Лигт врз Микел Ојарзабал во казнениот простор. Набргу потоа Јунајтед израмни со нов пенал, овојпат на спротивната страна беше срушен Расмус Хојлунд, а од белата точка сигурен беше Бруно Фернандеш.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Уште еден пенал за пресврт Јунајтед имаше во второто полувреме, кога Фернандеш повторно беше прецизен. Овојпат во недозволениот простор падна Патрик Доргу по контактот со Ариц Елустондо. Јунајтед до крајот на натпреварот постигна уште два гола. Хет-трикот го комплетираше Фернандеш, додека за 4:1 погоди Диого Далот.

По натпреварот, капитенот Фернандеш се обрати пред медиумите и се осврна на неодамнешните коментари на сопственикот на Јунајтед, Сер Џим Ратклиф. Во понеделникот, Расмус Хојлунд, Андре Онана и Каземиро беа меѓу играчите кои Ратклиф ги спомена како „недоволно добри“ и „преплатени“. Сите тројца почнаа на натпреварот против Реал Сосиедад и одиграа добро, а Фернандеш по мечот ги коментираше изјавите на милијардерот.

„Не е убаво да се слушаат вакви работи, тоа е јасно,” рече. „Никој не сака критики или коментари дека не е доволно добар или дека е преплатен. Секој играч има свој договор, а клубот е тој што го потпишува – било кога доаѓате или кога го обновувате. На вас е да докажете колку можете да бидете важни за клубот”, рече и заклучи:

„Во овој клуб нема опуштање. Тука се високи стандарди и огромен медиумски притисок. Треба да бидете свесни за тоа и да се фокусирате на вашата игра, да работите на себе и да се обидете да напредувате.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…