Дома Фудбал Останато Порази за македонските тенисери на ИТФ турнирите

Порази за македонските тенисери на ИТФ турнирите

Македонските тенисери Калин Ивановски во Пореч и Гораз Србљак во Аламинос ги загубија мечевите од првото коло на ИТФ турнирите што се играат за награден фонд од 15.000 долари. И двајцата на идентичен начин беа поразени од денешните ривали, откако имаа предност од 1-0 во првиот сет, мечот го загубија со 2-1 во сетови.

На турнирот во Пореч (Хрватска), Ивановски поведе против Стефан Поповиќ од Србија (6.носител) откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет противникот изедначи добивајќи го сетот со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет му припадна на Поповиќ со 6:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 7 минути.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На турнирот во Аламинос (Кипар) Горазд Србљак имаше одличен почеток и го доби првиот сет против Џанмарко Ортензи од Италија со 6:3 во гемови. Сепак ривалот успеа да направи пресврт и ги доби следните два сета со 6:3 и 6:0 во гемови.

Инаку, двајцата македонски тенисери за настап на главниот турнир мораа да ги минат и квалификациите, па така Ивановски имаше три победи, а Србљак две.

За двајцата продолжуваат мечевите и следната недела, Ивановски треба да има настап во квалификациите на Челинџерот во Задар, а Србљак останува на Кипар и ќе настапи во квалификациите и на Аламинос 2 турнирот.

Eлиминација во првото коло денеска заработи и македонската тенисерка Лина Ѓорческа која не успеа да го помине првото коло на турнирот во Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mejведер се пофали со милионска добива во обложувалница (Фото)

Мексиканецот Саул Канело Алварез (34) го победи Вилијам Скул во саудискиот Ријад со едногл…