Дома Фудбал Како Фергусон му помогнал на Манчестер јунајтед и надвор од клубот: Му симнувам капа!

Како Фергусон му помогнал на Манчестер јунајтед и надвор од клубот: Му симнувам капа!

Совласникот на Манчестер Јунајтед Џим Ретклиф во изјава за BBC обелодени дека има огромна почит кон познатиот менаџер на Црвените Ѓаволи Сер Алекс Фергусон.

Откако компанијата на Ретклиф, INEOS, презеде дел од акциите на Јунајтед, клубот активно работи на намалување на трошоците.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Една од одлуките која предизвика бурни реакции во јавноста беше прекинот на соработката со познатиот стратег кој со години ја извршуваше улогата на глобален амбасадор.

Клубот исто така отпушти повеќе од сто вработени, додека на оние кои останаа на работа им го укинаа бесплатниот ручек.

„Симнувам капа на Фергусон. Седнав да разговарам со Алекс насамо и му реков дека клубот не е во состојбата во која тој мисли дека е. Трошиме повеќе отколку што заработуваме и мораме да го промениме тоа за да не пропаднеме. Искрено, не можеме да продолжиме да те плаќаме два милиона фунти годишно. Оставам на тебе било каква одлука, размисли“, рече Ретклиф и додаде:

„Неговата реакција беше многу зрела, иако првично можеби малку негодуваше. Повторно се сретнавме три дена подоцна, по разговорот со својот син и рече: ‘добро, нема повеќе да ја извршувам својата функција. Тоа е моја одлука.’ Тоа покажува каков е Алекс – клубот го става на прво место, без разлика на своите интереси“.

Раководството на Манчестер Јунајтед потврди дека англискиот клуб ќе го напушти својот сегашен стадион „Олд Трафорд“ и ќе изгради нов дом – кој ќе може да прими 100.000 гледачи.

Управата на Ѓаволите ќе го објасни начинот на финансирање на проектот, а нацртите за новиот стадион веќе се обелоденети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот стратег за Пеп: Ароганцијата го чинеше неколку трофеи во ЛШ

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело рече дека Барселона под водство на Пеп Гварди…