Навивачите и медиумите го критикуваа изговорот за повреда на фудбалерот Нејмар за неиграње за Сантос во полуфиналето на државното првенство против големиот ривал Коринтијанос, откако беше виден на карневал во Рио де Жанеиро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сантос во неделата изгуби од Коринтијанос со 1:2 во полуфиналето на државното првенство на Сао Паоло, а Нејмар натпреварот го гледаше од резервната клупа поради полесна повреда.
Неколку дена претходно Нејмар беше фотографиран на карневалската парада во Рио де Жанеиро. Тој присуствуваше на парадата само неколку часа откако беше заменет во второто полувреме на натпреварот во првенството, одигран на 2 март, бидејќи се пожалил на повреда на бутот.