Дома Фудбал На бившиот капитен на Англија му се слошило – авионот принудно слетал

На бившиот капитен на Англија му се слошило – авионот принудно слетал

Бившиот англиски фудбалер Стјуарт Пирс (62) имаше здравствени проблеми во авионот на враќање од Америка.

Летот кон Хитроу беше пренасочен кон Сент Џонс во Канада откако Пирс почувствува силни болки.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Итно беше пренесен во болница, а авионот го продолжи патот и пристигна во Велика Британија шест часа подоцна од планираното.

Пирс во кариерата одигра над 700 натпревари, а 78 пати го носеше дресот на англиската репрезентација.

Тој беше капитен, а како менаџер, помеѓу другото водеше Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …