Дома Фудбал На повидок нова промена: Светско првенство со 64 репрезентации?

На повидок нова промена: Светско првенство со 64 репрезентации?

Светската фудбалска организација ФИФА ќе разгледа можност за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации како дел од стогодишнината на овој спортски настан, извести во четвртокот Њујорк Тајмс, без да наведат извор. Светското првенство 2030 ќе се одржи во Мароко, Шпанија и Португалија, додека Аргентина, Парагвај и Уругвај, каде што е одржано првото издание, би требало да бидат домаќини на три натпревари.

Досегашниот формат на светското првенство со 32 репрезентации е веќе проширен на 48 репрезентации за следното издание кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада во 2026 година. Во текстот на Њујорк Тајмс пишува дека предлогот на уругвајскиот делегат Игнасио Алонсо за проширување на 64 репрезентации за СП 2030 беше изнесен на крајот на состанокот. Според неназначен извор, предлогот беше дочекам со “зачудена тишина” од учесниците.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Дополнето е дека, според тројца луѓе кои присуствувале на состанокот, “ФИФА веројатно ќе се раководи по финансиските и политичките придобивки, колку и спортските, кога ќе одлучува за овој предлог”.

“Претседателот на ФИФА Џани Инфантино… го опиша предлогот како интересен и дека треба да се анализира подетално”, стои во текстот на Њујорк Тајмс потврдено од “четири лица директно запознаени со дискусиите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…