Дома Фудбал Откриени наградите за новото Светско клупско првенство, Реал Мадрид ќе добие најмногу пари

Откриени наградите за новото Светско клупско првенство, Реал Мадрид ќе добие најмногу пари

Светското клупско првенство, досега најголемо со 32 клуба и нов формат, ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14 јуни до 13 јули. На него учествуваат 12 клубови од Европа, шест од Јужна Америка, пет од Северна и Средна Америка, четири од Азија, четири од Африка и еден од Океанија. Извлечени се осум групи со по четири клуба во секоја. Секој клуб во групата игра три натпревари, а во следната фаза одат двата најдобри.

Ова натпреварување ФИФА го организира континуирано од 2005 година, по првото издание кое се одржа во 2000. Од оваа година натпреварувањето има нов формат и ќе се одржува секои четири години. Новото издание на натпреварувањето предизвика последниве неколку месеци многу критики бидејќи многумина протестираат поради проширувањето на веќе пренатрупаниот календар.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


ФИФА се обидува да ги убеди играчите и клубовите објавувајќи богат награден фонд за натпреварувањето. 32-те учесници ќе поделат милијарда долари или околу 930 милиони евра. Ова е далеку најголемиот награден фонд во историјата на некое клупско натпреварување. Марка под егидата „ексклузивно“ ја открива деталната дистрибуција на рекордниот награден фонд:

“Од 929 милиони евра, 500 се делат на учесниците на клупското СП како фиксен, загарантиран износ. Останатите 429 милиони евра се делат врз основа на резултатите на натпреварувањето. 65 проценти или 284 милиони евра, се делат меѓу 12 европски клуба: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ, Бајерн Минхен, Порто, Атлетико, Јувентус, Бенфика, Борусија Дортмунд и Салцбург.”

Марка додава: “Реал има највисок загарантиран износ на премијата и пред почетокот на СП, а тој изнесува 35 милиони евра. Од оваа сума, 10 милиони се фиксен износ, а остатокот се однесува на низа критериуми, кои ФИФА ги групира во категории со имиња „видливост“ и „значајност“. Овие категории земаат предвид различни критериуми, како што се бројот на гледачи, трофеи и пазарен потенцијал. За Атлетико Мадрид се гарантирани 20 милиони евра.”

Шпанците откриваат и како парите ќе се дистрибуираат по фази на натпреварот: “Секоја победа во групата носи 2 милиони евра, а нерешен натпревар 1 милион. Нокаут фазата носи многу поголеми приходи. Осминафиналето по 7 милиони евра за секој учесник. Четвртфиналето 12 милиони. Полуфиналистите ќе добијат по 20 милиони евра. Поразените во финалето 28 милиони евра, а освојувачот на СП 37 милиони евра.”

Марка завршува со симулација колку би можел Реал да заработи триумфирајќи на СП: “Ако победи во сите три натпревари во групата и потоа слави на сите натпревари во нокаут фазата, ќе заработи 145 милиони евра. Спектакуларна сума, повисока од 119 милиони евра, кои Реал ги доби за освојување на Лигата на шампионите минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кимих ја објасни ситуацијата со неговиот договор

Фудбалерот на Баерн Минхен, Јошуа Кимих, ја објасни ситуацијата со договорот со Баварците,…