Дома Фудбал Шок во Лион: Фонсека суспендиран на девет месеци!

Шок во Лион: Фонсека суспендиран на девет месеци!

Фудбалската професионална лига на Франција го суспендираше тренерот на Олимпик Лион, Пауло Фонсека, со девет месеци забрана за водење на екипата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше очекувано во претходните денови по написи во француските медиуми дека неговото избувнување кон судијата Беноа Милоу на крајот од натпреварот против Брест довело до негово исклучување.

Фонсека нема да може ни да пријде на соблекувалната до 15 септември, додека на клупата ќе може да седи само од 30 ноември, што е голем удар за Олимпик кој игра подобро од неговото доаѓање.

Во моментот, тие се на шестата позиција и се борат за излез во Европа, а изостанување од континенталното натпреварување значително ќе влијае на и онака деликатната финансиска ситуација.

Во образложението за суспензијата на Фонсека се истакнува дека Беноа Милоу бил физички заплашен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…