
Иако летниот трансфер период започнува за неколку месеци, изгледа дека Барселона веќе ја обезбеди една голема аквизиција.
Веќе извесно време се шпекулира дека Јонатан Тах е на мета на Каталонците и дека би можел да дојде бесплатно со оглед на тоа дека му истекува договорот со Бајер Леверкузен на крајот од оваа сезона.
Тах ја одби можноста за продолжување на договорот со шампионот на Германија и веќе им даде до знаење дека неговата цел е кариерата да ја продолжи во некој поголем клуб.
Барселона покажа интерес за Тах по препорака на Ханси Флик, кој би сакал да го види германскиот дефанзивец во својот тим, но Каталонците не се единствените што го посакуваат Тах.
Овој играч уште летоска го проба да го привлече Баерн, и се преговараше со недели за неговиот трансфер и се чинеше дека за 40 милиони евра би можел да го напушти Леверкузен, но на крајот од тоа немаше ништо.
Тах остана во Леверкузен и реши дека е најдобро да го чека истекот на договорот за да може сам да одлучи во кој клуб ќе оди.