
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим смета дека потенцијалниот трофеј во Лига Европа е важен, но дека целите на клубот се уште поголеми од него.
Јунајтед има уште само да се обиде да ја освои Лига Европа, откако испадна од ФА купот, а Аморим негува амбиции поголеми од пехарот во второто УЕФА натпреварување.
“Луѓето гледаат на Лига Европа како уникатно натпреварување што освен пехарот, исто така е поврзано со Лигата на шампиони, бидејќи преку него можеме да се квалификуваме. Но, да бидам искрен, ние во Манчестер имаме и цели за многу поголеми работи и размислуваме за нив. Знам дека во овој момент можеби звучи чудно, но многу е важно да се знае дека овде градиме нешто многу поголемо од освојување на еден куп натпреварувања”, рече Аморим.
Јунајтед гостува в четврток во 18.45 часот кај екипата на Реал Сосиедад, а реваншот од осминафиналето на Лига Европа е осум дена подоцна во Манчестер.