Дома Фудбал Суперкомпјутерот пресмета: Само еден клуб има повеќе од 15% шанси да ја освои Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот пресмета: Само еден клуб има повеќе од 15% шанси да ја освои Лигата на шампионите

Со денешните натпревари од осминафиналето ќе продолжи Лигата на шампионите. Суперкомпјутерот на Опта сега излезе со нова прогноза и го даде својот одговор на прашањето кому на крајот од сезоната ќе му припадне трофејот кој го подигаат победниците. Најголем фаворит е, според направените симулации, Ливерпул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Опта направи симулација на преостанатите фази од елиминациската рунда 10.000 пати за да ја анализира веројатноста на секоја екипа да се пробие во следниот круг и да го предвиди можниот победник.

Тоа го прави со проценка на веројатноста за секој исход од натпреварот (победа, нерешено или пораз) користејќи ги коефициентите на обложувалниците и Опта Пауер Ранкингс. Коефициентите и рангирањата се базираат на историските и неодамнешните настапи на екипите. Целото натпреварување се симулира 10.000 пати за да се создаде конечната проекција за секоја екипа.

Најмногу шанси за пласман во четвртфиналето има милански Интер, но тој е само трет фаворит за титулата. Пред него се Барселона и Ливерпул, а зад него Арсенал и Реал Мадрид.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oткриени шокантни детали: Валверде го удрил и Модриќ, тој е опасен!

Реал Мадрид се соочува со неочекувана криза откако дојде до физички конфликт меѓу Чуамени …