Дома Фудбал Меси го промени имиџот. Погледнете ја неговата нова фризура

Меси го промени имиџот. Погледнете ја неговата нова фризура

АРГЕНТИНСКИОТ фудбалер Лионел Меси го промени својот имиџ, што го привлече вниманието на медиумите и навивачите. Шпанската Марка ја сподели на својата ФБ страница веста за новата фризура на Меси, објавувајќи фотографија од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во друштво на фанови во еден ресторан во Мајами.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што може да се види, Меси се одлучи за малку необична фризура со раздвоена коса, а реакциите на неа се очекувано поделени. Многу фанови на социјалните мрежи истакнуваат дека се изненадени од оваа промена на изгледот на аргентинскиот фудбалер.

Меси кон крајот на февруари му помогна на својот Интер Мајами да се квалификува во втората фаза на КОНКАФ Лигата на шампионите, неодамна преименувана во КОНКАФ Куп на шампионите, додека синоќа не играше на гостувањето кај Хјустон во второто коло на MЛС. Интер Мајами славеше со 1:4, а се истакна Луис Суарез со еден гол и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…