Федерико Димарко, левиот бек на Интер, се соочи со истегнување на десниот бутен мускул, што ќе го тргне надвор од игра во наредните три недели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уште на саботниот натпревар против Наполи, Димарко претрпе повреда и беше принуден да го напушти теренот на почетокот од вториот дел.
Овој 27-годишен играч нема да игра околу три седмици, што значи дека неговото враќање на терените го очекува по репрезентативната пауза. За ова време ќе ги пропушти два натпревари против Феенорд во Лигата на шампионите, како и средбите со Монца и Аталанта во Серија А.
Инзаги има голем проблем, бидејќи Димарко е еден од клучните играчи во составот на Интер.