Дома Фудбал Се подготвува ли нова револуција во фудбалот? Тренерите ќе покажуваат зелен картон на судијата, еве што значи тоа

Се подготвува ли нова револуција во фудбалот? Тренерите ќе покажуваат зелен картон на судијата, еве што значи тоа

Одборот за фудбалски правила на Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB) вчера се состана во Белфаст, на 139-тата собраниска сесија донесе некои нови револуционерни промени.

Најзначајната промена се однесува на ограничувањето на времето кое голманите го имаат за да ја држат топката во своите раце.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Иако досега на хартија стоеше дека голманот смее да ја држи топката во рацете шест секунди, тоа не се спроведуваше на практика. Сега времето е зголемено на осум секунди и судијата јавно ќе го брои времето, а екипите кои ќе го прекршат правилото ќе бидат казнети со корнер за противникот.

IFAB доби и еден предлог од ФИФА чијашто цел е да го подобри ВАР системот со намалување на времетраењето на прегледите на спорни случаи, а на следниот состанок на IFAB ќе се разгледуваат воведувањето на уште една помош за да биде судењето на натпреварите што е можно поправедно.

Имено, ќе се разгледува воведувањето на Фудбалска Видео Поддршка (Football Video Support – FVS), што е систем дизајниран да биде поевтин и подостапен за националните фудбалски сојузи кои сè уште не можат да го имплементираат ВАР.

FVS е тестиран на Светските првенства за жени U17 и U20, а се работи за тоа дека тренерите кои сметаат дека главниот судија донел погрешна одлука му покажуваат на четвртиот судија зелен картон и на тој начин бараат преглед на снимката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ретко се гледа: Американка победи во ВТА финале без изгубен гем!

Американската тенисерка Емма Наваро стана само петтата тенисерка на овој век која во финал…