
Испадна од Лигата на шампионите, елиминиран е и од италијанскиот куп. И кога победува – доста се мачи. Работи на мака, но не успева секогаш. Почетниот елан со Тијаго Мота брзо се изгуби, привлечната игра од првите неколку кола исчезна и проблемите се собираат.
Никој не е задоволен, бидејќи засега, работите не се движат во правецот кој го очекуваа во клубот од Торино. Сепак, спортскиот директор Кристијано Џунтоли тврди дека нема да дојде до предвремен раскин со Тијаго Мота, иако веќе започна лицитацијата за негов наследник. Можеби затоа што разводот би бил прилично скап.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Јувентус се „изгоре“ со Масимилијано Алегри, случајот заврши на суд. „Бјанконерите“ не сакаат да платат 7.000.000 евра за раздвојување кое се случи една година пред истекот на рокот. А, извесно е дека и со Тијаго Мота би завршиле на суд.
Зашто, кога пристигна летово во торинскиот клуб, се обврза на соработка до летото 2027 година. Ни една сезона не помина, а тој веќе е на тенок мраз, а во Италија се зборува за отштета од околу 20.000.000 евра.