Дома Фудбал Поранешен соиграч на Модриќ: Се сеќавам кога дојде во Реал, луѓето не го сакаа многу

Поранешен соиграч на Модриќ: Се сеќавам кога дојде во Реал, луѓето не го сакаа многу

Лука Модриќ (39) пристигна во Реал Мадрид во 2012 година од Тотенхем. Во текот на својата кариера во Мадрид, освои пет Лиги на шампионите, три Ла Лиги и многу други трофеи. Добитник е на Златната топка во 2018 година, а со хрватската репрезентација освои сребро на Светското првенство истата година и бронза во Катар четири години подоцна. Модриќ е сè уште клучен играч на Реал Мадрид и на хрватската репрезентација.

Бившиот играч на Реал Мадрид, Хесе Родригез се присети на почетоците на Модриќ во кралскиот клуб, истакнувајќи како тогашниот тренер Жозе Мурињо го препозна потенцијалот на Лука, и покрај почетниот скептицизам на навивачите.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Хесе го изрази своето восхитување кон хрватскиот врзан играч Лука Модриќ во неодамнешна изјава: „Модриќ. Едноставно, Лука е неверојатен… Се сеќавам кога дојде во Реал Мадрид, луѓето не го сакаа многу. Мурињо рече: Ќе го видите… Тој е одлична личност и одличен играч, погледнете го голот што го постигна пред некој ден. Во Реал Мадрид и на тие години не е лесно”, изјави Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо возвраќа со тужба кон Галатасарај

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, одговори на нападот и поднесе тужба против Галатасарај…