Дома Фудбал Нејмар за пропаднатиот трансфер во Баерн: Преговарав со Пеп во боксерки во 2 наутро

Нејмар за пропаднатиот трансфер во Баерн: Преговарав со Пеп во боксерки во 2 наутро

БРАЗИЛСКАТА фудбалска ѕвезда Нејмар (33) ја шокираше јавноста откривајќи дека бил на чекор до премин во Баерн Минхен од Сантос, и тоа на иницијатива на Пеп Гвардиола. “По освојувањето на наградата Пушкаш, татко ми ме повика во 2 наутро. Кога се јавив, ми рече да ја отворам вратата…”, се присети Нејмар.

Нејмар заврши во ПСЖ

“Бев во боксерки! Тогаш таму беа татко ми, Пеп Гвардиола и преведувачот на видео повик за да започнат преговори со мене”, откри 31-годишниот Бразилец. Нејмар ја започна својата професионална кариера во бразилскиот Сантос, каде играше од 2009 до 2013 година.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Потоа премина во Барселона, каде помина четири сезони од 2013 до 2017 година. Следеше рекордниот трансфер во Пари Сен-Жермен, каде играше од 2017 до 2023 година. Две години потоа беше во саудискиот Ал-Хилал, а сега е повторно во Сантос.

Пеп Гвардиола го водеше Баерн Минхен од 2013 до 2016 година. За време на својот трогодишен мандат, Гвардиола ја освои Бундеслигата сите три сезони. Исто така, два пати го освои германскиот куп во сезоните 2013/14 и 2015/16. Гвардиола со Баерн го освои и германскиот Суперкуп во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите лути на Роналдо и управата на клубот – најавија бојкот!

Валјадолид вечерва (21:00) би можел да го повлече и Лас Палмас во амбис во првиот натпрева…