Дома Фудбал „Ова е шампионска парада на Ливерпул, а не трка за титула“

„Ова е шампионска парада на Ливерпул, а не трка за титула“

Фудбалерите на Ливерпул се шампиони на Премиер лигата, само што тоа уште никој не им го кажал. Така може накратко да се сумира досегашниот тек на сезоната во англиската елита.

На десет кола до крајот, тимот на Арне Слот има 13 бода повеќе од Арсенал, 19 повеќе од третопласираниот Нотингем Форест, 20 повеќе од актуелниот првак Манчестер Сити…

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На ова не наведува само неверојатната форма на „црвените“ и резултатите, ниту распоредот до крајот на сезоната, туку и целосниот недостиг на вистинска конкуренција. Арсенал е речиси катастрофален, кадарски уништен (повреди на Хавртц, Хесус, Сака), Сити ја игра најлошата сезона под Гвардиола.

Останатите не заслужуваат ни да се спомнат во контекст на трката за шампион.

„Ова повеќе не е шампионска трка, ова е шампионска парада на Ливерпул“, кажа Гери Линекер во денот кога неговиот клуб го победи Њукасл со 2:0 во уште една доминантна игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…