Дома Фудбал Аморим има нов проблем во Манчестер: Ќе разговарам со Гарначо!

Аморим има нов проблем во Манчестер: Ќе разговарам со Гарначо!

Манчестер Јунајтед оствари клучна победа против Ипсвич со 3-2, и тоа во исклучително тешки околности, откако целиот втор дел од мечот го одигра со играч помалку.

Доргу доби црвен картон и тоа сериозно ја искомплицира ситуацијата за домаќините при резултат 2:1, овозможувајќи му на Ипсвич да стигне до израмнување уште пред завршувањето на првото полувреме. Во тој момент, стратегот Рубен Аморим беше принуден да реагира со тактичка промена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За да ја зачува стабилноста на тимот во дефанзивен аспект, португалскиот тренер одлучи да го повлече од игра Алехандро Гарначо – одлука што воопшто не му се допадна на младиот Аргентинец. Наместо да заземе место на клупата за резерви, Гарначо демонстративно се упати директно во соблекувалната, што не остана незабележано.

„Свесен сум дека ова ќе го поврзете со случајот на Рашфорд… Ќе разговарам со него на оваа тема и потоа ќе можам да дадам повеќе детали на следната прес-конференција“, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…