Дома Фудбал Криза во Јунајтед: Подготвени откази за 200 луѓе, а ќе се јаде само супа и сендвичи (Фото)

Криза во Јунајтед: Подготвени откази за 200 луѓе, а ќе се јаде само супа и сендвичи (Фото)

Сер Џим Ретклиф, новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, започна со воведување на промени во клубот. Една од првите мерки е намалување на трошоците за храна за играчите и персоналот. Ратклиф, кој неодамна купи 27.7 проценти од акциите во клубот за над милијарда фунти, сака да ја подобри финансиската состојба на клубот. Според извештаите, тој барал детална анализа на трошоците, вклучително и оние поврзани со исхраната.

Играчите и персоналот на Манчестер Јунајтед моментално имаат пристап до бесплатна храна во тренинг центарот во Карингтон. Сепак, оваа практика може да се промени како дел од мерките за штедење на Ратклиф. Така, вработените ќе имаат право да јадат само супа и сендвичи, пишува „Talk Sport“. Оваа одлука доаѓа во време кога клубот се обидува да ги намали трошоците за да биде во согласност со правилата на Финансискиот фер плеј.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед минатото лето отпушти 250 луѓе. Сега се очекува уште 200 отпуштања, најавуваат британските медиуми. Раководството на Јунајтед ги зголеми цените на билетите, но исто така и на Холанѓанецот Ерик тен Хаг му исплати 14.5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави го одбил Манчестер Јунајтед

Поранешниот главен тренер на Барселона, Чави Ернандес, беше разгледувана опција да застане…