Дома Фудбал Камера го фати Меси „на дело“, Американците веднаш го казнија (Видео)

Камера го фати Меси „на дело“, Американците веднаш го казнија (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, беше казнет од страна на МЛС лигата поради несоодветно однесување на натпреварот против Њујорк Сити.

Тоа што можеби му поминувало на Лионел Меси во дресот на Барселона, каде што често беше недопирлив за луѓето кои ги определуваат дисциплинските мерки, во Соединетите Американски Држави не му поминува.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Несоодветното однесување е нешто што Американците не сакаат да го простуваат, дури и ако се викаш Лионел Меси.

Така познатиот Аргентинец беше казнет парично поради сцените од натпреварот против Њујорк Сити, кој се одигра изминатиот викенд.

Меси во две ситуации го фати за врат помошниот тренер на противничкиот тим, Мехди Балучија. Тоа на крајот го чинеше парична казна чиј износ не е откриен.

„Потезите на Лионел Меси ги прекршуваат правилата на однесување на МЛС“, кратко беше соопштено од американската лига.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дрогба емотивно го одбрани Мурињо: Како може мојот татко да е расист

Поранешниот фудбалер на Челзи Дидие Дрогба, кој година и пол играше и во Галатасарај, испр…