Дома Фудбал Артета: Да се откажеме од битката за титулата? Само преку мене мртов!

Артета: Да се откажеме од битката за титулата? Само преку мене мртов!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, истакна дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за титулата во Премиер лигата.

Арсенал на последниот одигран натпревар, на 22 февруари, беше поразен од Вест Хем на домашен терен со 1:0, што ги одалечи од првото место и трката за титулата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На лондонскиот тим му остануваат уште 12 натпревари до крајот на сезоната, имаат една натпревар помалку од Ливерпул, кој е првопласиран на табелата со 11 бодови предност.

Сè уште се во трката, но Ливерпул има голема предност, која ретко би можел да ја изгуби. Сепак, за Артета важи дека нема откажување.

“Не се откажуваме од борбата за титулата. Само преку мене мртов може да се случи тоа., истакна шпанскиот стратег и потоа дополнително објасни “Ако престанам да верувам, одам дома момци. Математички е сè уште возможно“.

Арсенал во среда игра против Нотингем Форест, додека лидерот Ливерпул ќе го пречека Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…