Дома Фудбал Најскапото промашување на Јунајтед асистираше и потоа доби црвен картон

Најскапото промашување на Јунајтед асистираше и потоа доби црвен картон

Бетис победи на гостувањето во Гетафе со 2:1 (1:0) во натпреварот од 25-тото коло на шпанското фудбалско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата гола за победничкиот тим ги постигна Иско, првиот во 18-тата минута на асистенција од Антони, а вториот во 77-та минута од пенал. Стрелец за Гетафе беше Борја Мајорал во 82-та минута.

Двата тима во завршницата на дуелот останаа со играч помалку на теренот. Прво гостите останаа со десетмина, кога Антони во четвртата минута од продолжението доби црвен картон поради опасен старт одзади. Само две минути подоцна, Домингос Дуарте доби втор жолт картон поради остар старт.

Антони ќе го пропушти дуелот со Реал

Антони направи прекршок далеку од голот и од било каква опасност. Црвениот картон на денешниот натпревар значи дека Бразилецот ќе го пропушти дуелот од 26-тото коло против Реал Мадрид. Прекршокот на Антони погледнете го ОВДЕ. Бетис моментно дојде на седмата позиција со 35 бодови, колку што има и шесто пласираниот Рајо Ваљекано. Гетафе е со 30 бодови на 14-та позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …