Дома Фудбал Ливерпул е заинтересиран за ѕвездата на Леверкузен

Ливерпул е заинтересиран за ѕвездата на Леверкузен

Медиумите во Англија пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот од Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.

Клубовите од Премиерлигата ги анализираат неговите перформанси и веќе започнаа со борба за неговиот потпис.

Ливерпул е особено заинтересиран, бидејќи бараат замена за Александер Арнолд, а токму Фримпонг е нивната најголема надеж.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и брзо се етаблираше како еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Во неговиот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра, и „црвените“ се подготвени да ја исполнат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…