Дома Фудбал Ван Перси пред нов тренерски ангажман: Може да води клуб во осминафиналето од ЛШ!

Ван Перси пред нов тренерски ангажман: Може да води клуб во осминафиналето од ЛШ!

Робин Ван Перси според последните информации е многу блиску да седне на клупата на холандски Феенорд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Феенорд го елминираше Милан во плеј-офот од Лигата на шампионите, меѓуто тимот на неколку дена пред тој дуел остана без тренерот Брајан Приске, па е во потрага по негова замена.

Ван Перси сезонава страна тренер и ја презема екипата на Херневен и во овој клуб има солидни резултати. Медиумите пренесуваат дека преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза.

Холандскиот тим во овој момент го предводи Паскал Бошарт кој е тука како привремено решение. Посебно е интересно што Феенорд има можност да се сретне со Арсенал во осминафиналето во Лигата на шампионите и ако Ван Перси седне на клупата би се соочил со својот поранешен клуб каде што помина одличен период како фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја прекина соработката со Ванче Шиков и Љупчо Трајковски!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за кадровски промени, откако ги раскина…