Големо изненадување за сите беше вчерашната информација дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед не се задоволни од работата на Рубен Аморим.
Како што стојат работите, и неговото време на Олд Трафорд се приближува кон крајот, а двајца тренери веќе се „во ред“ за работата во Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите од Англија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претходно оваа недела „Дејли Мејл“ тврдеше дека неименувани фудбалери на Манчестер Јунајтед изразиле големи сомнежи во тактиките на Аморим, а шпанскиот „Фихајес“ сега тврди дека веќе е подготвена замена за овој тренер.
Пред следната сезона мора да се донесат некои одлуки, а очигледно главната е дали тренерот ќе остане Рубен Аморим или ќе се појде по нов тренер за новата сезона.
Три имиња се во игра, барем ако веруваме на шпанските и англиските новинари, а се работи за Зинедин Зидан, Томас Тухел, и Маурисио Покетино.