Дома Фудбал Ла Лига донесе одлука: Го суспендираше Белингем!

Ла Лига донесе одлука: Го суспендираше Белингем!

Играчот на Реал Мадрид Џуд Белингем денеска и официјално е суспендиран за две натпревари забрана за играње.

Англичанецот доби црвен картон во ремито со Осасуна, што предизвика многу прашина во Шпанија, а Белингем јавно објасни дека станува збор за недоразбирање.

Како што е познато, судијата Монтеро е тргнат од сите натпревари на Ла Лига во следното коло, додека го тргна и УЕФА од листата арбитри за своите натпреварувања.

Сега пристигна потврда дека Белингем ќе ги пропушти следните два натпревари од Ла Лига, против Џирона во Мадрид и Бетис во Севиља, но Реал веднаш подготви жалба.

Во Мадрид веруваат дека Белингем може да биде целосно помилуван или да добие најмногу еден натпревар забрана.

Во меѓувреме, Белингем вечерва ќе го предводи Реал против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…