Милан е елиминиран од Лигата на шампиони од страна на Феенорд, откако во реваншот на „Сан Сиро“ натпреварот заврши 1:1, а претходно Феенорд имаше минимална победа дома во Ротердам.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ имаа блескав старт на натпреварот, со погодок на Гименез веќе во првата минута. Милан доминираше во текот на првото полувреме, создавајќи одлични шанси и погодувајќи ја стативата, што ги донесе блиску до пласман во следната фаза.
На самиот крај од првото полувреме, Тео Хернандес доби жолт картон, а во 54-та минута, поради симулација, заработи и втор жолт, па го остави тимот на цедило.
Со играч помалку, Милан не успеа да одржи предност. Феенорд го искористи ова и постигна гол, израмнувајќи на 1:1, што беше доволно за нивно место во осминафиналето.