Дуелот од 27-то коло на романската Суперлига помеѓу Рапид од Букурешт и Ботошани (1:0) ќе остане запаметен по исклучително лошата организациска одлука која создаде потешкотии за сите.
Колку и да звучи нереално, гостинските фудбалери го одиграа овој дуел во комплетно бела варијанта, иако снегот го покри целиот терен.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Надреалните сцени, какви ретко се гледаат во Европа, брзо станаа вирални ширум светот, а фотографиите и снимките од натпреварот во Букурешт ги преплавија социјалните мрежи.
Сите по овој натпревар се прашуваат како беше можно тоа да се случи и кој им даде дозвола на гостинските фудбалери да играат во бели дресови на снег.
W spotkaniu Rapid – Ботошани rozgrywanym w śniegu ❄️ gościom pozwolono na grę w białych koszulkach 😶 pic.twitter.com/oKjYDQXEuc
— Superbet (@SuperbetPL) February 18, 2025
Видео погледнете овде.
Ваквата одлука беше тешка за самите играчи и на двата тима, гледачите, коментаторите и навивачите на стадионот, бидејќи не можеа да видат каде се наоѓаат играчите на Ботошани во кое било време.
Пропусти во организацијата можат да се видат ширум светот, но тие ретко се присутни во европскиот фудбал.
❄️🤯 Само атмосферата на натпреварот помеѓу Рапид и Ботошани во романската топ лига: гостинскиот тим излезе на терен во бели дресови – и веднаш исчезна 👀 pic.twitter.com/SDhDGjE0ri
— FootyRoom (@footyroom) February 17, 2025
Домаќинот на крај ја искористи “предноста” на видливи дресови и со голот на Денис Чиоботариу дојде до победа со резултат 1:0.