
Откако претходните две сезони го заземаше второто место на табелата во Премиер лигата, Арсенал ја дочека сезоната во која Манчестер Сити не изгледа доминантно и во која е пред него на табелата. Сепак, ова сезона проблем за Арсенал е доминацијата на Ливерпул, па екипата на Микел Артета повторно е втора со значително бодовно заостанување за лидерот на англиското првенство.
Арсенал својот последен лигашки наслов го прослави во сезоната 2003/04 кога тимот го водеше Французинот Арсен Венгер. Тој денес има 75 години и веќе некое време не е тренер, туку шеф на глобалниот развој на фудбалот при ФИФА. Сѐ уште го следи лондонскиот клуб во кој беше тренер од 1996 до 2018 година.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
На прашањето што треба да се случи за Арсенал на крајот од оваа сезона да ја освои титулата, Венгер одговори:
„Едноставно е, Ливерпул би требало да губи натпревари. Но досега одиграа 25 и загубија само еден. Во следните 13 треба да загубат барем три пати. Во овој момент не изгледа веројатно дека Арсенал ќе ја освои титулата, Ливерпул е супефаворит.“
„Освен тоа, Арсенал би требало совршено да го изведе својот низ. Се молам за титулата, но очигледно треба да го подобрам квалитетот на својата молитва“, додаде Венгер.