Мартин Зубименди ќе игра во Премиер лигата, но нема да биде дел од Ливерпул, ниту ќе застане на местото на Родри во Манчестер Сити. Наместо тоа, тој се придружува на Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Различни извори од Велика Британија, вклучувајќи го и Фабрицио Романо, потврдуваат дека Арсенал вложува големи напори да го обезбеди потписот на Зубименди.
Најновите информации покажуваат дека Зубименди се согласил да се пресели во Арсенал, и веќе е договорена четиригодишна соработка помеѓу двете страни.
Зубименди беше поврзуван со многу врвни европски клубови, но конечно ова лето ќе го напушти Сосиедад и ќе продолжи со својата кариера во Арсенал.