Дома Фудбал Артета има нова мета за нападот: Го сака голгетерот кој ја воодушеви Европа

Артета има нова мета за нападот: Го сака голгетерот кој ја воодушеви Европа

Позицијата на напаѓач веќе некое време е еден од поголемите проблеми бидејќи неодамна се повреди Габриел Жезус, за кого сезоната заврши, а истата судбина го снајде и Кај Хаверц, поради што Микел Артета остана без напаѓач.

Тренерот на Арсенал е принуден да користи тактика со „лажна деветка“ бидејќи во тимот нема на располагање класичен напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Артета и за време на зимскиот трансфер период се обидуваше да им даде до знаење на управата на клубот дека му е потребен нов напаѓач, но на Емирати очигледно не сакаа да трошат пари и решија да чекаат до летото.

Се поврзуваа со неколку звучни имиња со Арсенал кога се во прашање напаѓачите, како што e случајот со Душан Влаховиќ, Бенџамин Шешко, Виктор Осимен и Оли Ваткинс.

Топчиите наводно контактирале поголем број напаѓачи во претходните недели за да го „испитаат теренот“, но изгледа дека е јасно кој може да стане нивниот прв избор на крајот.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал направил изненадувачки пресврт кога се работи за напаѓачот кој ќе биде нивната главна цел за време на летниот трансфер период и дека сите останати фудбалери за кои покажале интерес паднале во сенка.

Станува збор за италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги, кој оваа сезона блеска во дресот на Аталанта, и Артета наводно покажал огромен интерес за него бидејќи верува дека би се вклопил идеално во играта на Арсенал.

Ретеги летово пристигна во Аталанта за 21 милион евра од Џенова и се покажа како полн погодок, бидејќи игра сезона од соништата и, како што се очекуваше, веќе привлече интерес на други клубови, меѓу кои Арсенал е најсериозен кандидат за неговото доведување.

Во досегашниот дел од сезоната Ретеги на 35 натпревари за Аталанта постигна 23 гола и додаде четири асистенции.

Покрај Арсенал, овој 25-годишник би го сакал да го види во својот тим и Манчестер Јунајтед,

Аталанта би можела за само една година да заработи огромни пари, бидејќи за Ретегија платија нешто повеќе од 20 милиони евра, а како што стојат работите, неговата цена на лето ќе биде над 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Челзи може да остане без засилувања за Лигата на шампионите?!

Челзи се соочува со можноста да остане без засилувања за Лигата на Шампионите бидејќи, сог…