Дома Фудбал Реал Мадрид размислува за враќање на Тео Хернандес

Реал Мадрид размислува за враќање на Тео Хернандес

Шпанските медиуми соопштуваат дека Реал Мадрид планира да го врати левиот бек на Милан, Тео Хернандес, во своите редови ова лето.

Францускиот фудбалер покажува извонредни способности и е веќе препознаен како еден од најдобрите леви бекови во Европа. Поради тоа, Реал Мадрид има намера да ја исправи грешката.

Анчелоти бара квалитетен лев бек. Неговата првична цел е Алфонсо Дејвис, но бидејќи често се соочува со повреди, вниманието на „кралевите“ сега е упатено кон Тео Хернандес.

Милан го купи Хернандес пред неколку сезони за 20 милиони евра. Реал Мадрид е подготвен да понуди 60 милиони евра за негово враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…