Дома Останати Тенис Агенцијата на Ѓоковиќ го брани Синер во допинг аферата

Агенцијата на Ѓоковиќ го брани Синер во допинг аферата

Аферата околу допинг скандалот на Јаник Синер не стивнува. Веќе скоро година дена од кога Италијанецот направи прекршокот, но конечниот епилог не е ниту блиску.

Асоцијацијата на професионални тенисери, чиј основач е Новак Ѓоковиќ, смета дека тоа е претерано и дека жртва е самиот Италијанец.


Клучот на иднината! ↓↓↓


„Анти допинг системот треба да ги опфаќа прекршителите, оние кои се допингувале“ напиша на Твитер, меѓу другото, Ахмад Насер, извршен директор на агенцијата.

„Допингувани се оние кои се обидуваат да го подобрат својот перформанс земајќи нелегални супстанци. Тоа не треба да се меша со оние кои случајно грешат, земаат небитна доза, супстанци кои воопшто не го подобруваат перформансот…“, додава тој.

А токму во таа категорија спаѓа Синер. Кај него во организмот е пронајден мал дел кој му бил пренесен по грешка од физиотерапевтот.

– Ова всушност е почеток на неправда за секого“, додава Хасан. „Јаник е во својот специфичен случај ставен во многу неправедна ситуација. Агенцијата за тениска интегритет (ITIA) го ослободила тврдејќи дека ги испочитувала сите правила и процедури. Агенцијата за анти допинг (VADA) не се согласува, спротивставувајќи се на ITIA и поднела жалба.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатен пораз на босански тенисер: Освои сет со 6:0, имаше и меч топка и не му беше доволно

Дамир Џумхур е познат по осцилациите во играта, како и по неверојатните промени на ритамот…