Дома Фудбал Винисиус: Транспарентот на „Итихад“ ми даде сила и ме мотивираше!

Винисиус: Транспарентот на „Итихад“ ми даде сила и ме мотивираше!

Фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор рече дека истакнувањето на транспарентот на кој е прикажан играчот на Манчестер Сити Родри со „Златната топка“ дополнително го мотивирало да игра добро и да победи во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион Реал синоќа во Англија го победи Манчестер Сити со 3:2, во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. Навивачите на Сити истакнале транспарент на кој се гледа како Родри го бакнува трофејот Златна топка, со порака до Винисиус да не плаче.

„Го видов транспарентот. Секогаш кога навивачите на противникот прават вакво нешто, ми даваат повеќе сила да играм одлично, и тоа го направив тука“, изјави Винисијус за Мовистар, ги пренесе „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуција во Англија: Британскиот премиер најави укинување на забраната која е на сила 41 година

Британскиот премиер, Енди Бернхам, кој е голем фан на фудбалот и на клубот Евертон, планир…