![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/12/tiket-na-denot-tiket-na-denot-850x491-1-1-1.jpg)
Денес ги имаме преостанатите четири натпревари од Лигата на шампиони, а покрај тоа имаме и други натпревари што е сосема доволно за да составиме тикет. Ова е нашиот предлог.
Селтик – Баерн Минхен – 2&0-4 @ 1.98 во Mozzart
Селтик нема некој рамноправен ривал во шкотскиот Премиершип, па испаѓа дека двомечот со Баерн им е врв оваа сезона. Ние воопшто не сметаме дека Келтите немаат шанси, но треба да бидеме реални и да кажеме дека Баерн е фаворит. Баварците се желни за успех особено во ЛШ. Селтик е без пораз на домашен терен оваа сезона, а мора да признаеме дека имаа и одлични партии во лига фазата. Баерн од друга страна во последните 10 натпревари запиша 9 победи и еден пораз, а тој пораз го запишаа во ЛШ на гостувањето во Ротердам. Овде ние одлучивме да типуваме 2&0-4 гола со квота 1.98 во Mozzart.
Евертон – Ливерпул – ГГ3+ @ 2.35 во 22Bet
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Мерсисајд дербито требаше да се изигра уште во минатата година, но овој натпревар беше одложен поради невреме. За Евертон ова е можеби подобар момент бидејќи во последниве неколку натпревари играат солидно и имаат три врзани победи во Премиер лигата. Ливерпул пак има шест бода повеќе од првиот пратител Арсенал и имаат сериозна намера во освојувањето на титулата во англиската Премиер лига. Сепак овде веруваме дека двете екипи ќе влезат силно мотивирани и затоа очекуваме ефикасен натпревар. Наш предлог е ГГ3+ со квота 2.35 во 22Bet.
Шефилд Јунајтед – Миделсброу – 1 @ 2.00 во Bet365
Лошите резултати на гостувањето во последно време го „исфрлија„ тимот на Миделсброу од трката за директен пласман во Премиер лига. Тие изгубија три пати во последните четири кола, а во последниот натпревар запишаа пораз од Сандерленд на домашен терен. Шефилд пак во претходните шест дуели победи пет пати и само еднаш беше поразен. Да бидеме искрени тој пораз стигна доста неочекувано бидејќи на домашен терен запишаа пораз од Хал. Домаќините се благи фаворити на овој натпревар, а ние очекуваме победа за нив. Коефициентот за 1 во Bet365 изнесува 2.00 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 10.24
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk