Дома Останати Тенис Алкараз по триумфот во Ротердам сака титула и во Доха

Алкараз по триумфот во Ротердам сака титула и во Доха

Освоената титула во Ротердам му даде крилја на Карлос Алкараз. Според “Марка”, 21-годишниот Шпанец е презадоволен со резултатот на своето решение да го промени овој дел од својот турнирски календар.

Алкараз претходните години по Австралија опен патуваше во Јужна Америка на низа турнири на земја. Секако, ваквата одлука не беше премногу логична за тенисер од негов калибар, но зад неа, како што најчесто се случува во вакви ситуации, се криеше деловна причина.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Рио опен, турнир од серијата 500 во најубавиот бразилски град, прв ја препозна атрактивноста на младиот Шпанец и уште во 2021 година потпиша договор за негово учество на турнирот. Секако, кога веќе мора да оди во Рио де Жанеиро, логично е да се потпишат слични договори и со другите турнири од тој дел на светот. Во Рио победи во 2022, а во Буенос Аирес во 2023.

Сепак, не му беше сеедно што останатите тенисери во истото време играат на посилни натпреварувања, во Ротердам, Доха или Дубаи и што не мора да ја менуваат подлогата помеѓу Австралија опен и мастерсот во Индијан Велс.

Сега тој договор истече, Алкараз веќе не мора да оди во Јужна Америка. Во Ротердам ја освои првата титула во сала, а сега се подготвува за дебито во Катар. Овде конкуренцијата ќе биде многу посилна, бидејќи се пријавени и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, но тоа не го плаши. Очекува да продолжи со победничката серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП листа: Нов пад на Ѓоковиќ, Италијанецот кој беше хит во Ротердам направи огромен скок

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, се спушти на едно место на новообјавената…