Дома Останати Кошарка Ембид ја загуби контрола – имаше вербална пресметка со соиграч (Видео)

Ембид ја загуби контрола – имаше вербална пресметка со соиграч (Видео)

Филаделфија Севентисиксерс беа поразени од Детроит со резултат 125:112, а Жоел Ембид повторно се најде во центарот на скандалот.

При крајот на третиот период од натпреварот Детроит имаше 101:82 по поените на Малик Бизли.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Филаделфија побара тајм-аут, на кој Ембид почна да губи контрола, напаѓајќи го Кели Обре кого го обвини дека играл лоша одбрана.

Следеше вербален конфликт, но за среќа сè заврши тука. Нивните соиграчи ги смирија страстите и кошаркарите на крајот се поздравија.

Бизли го предводеше домаќинот со 36 поени, додека кај Филаделфија најдобар беше Макси со 27 поени. Споменатиот Ембид постигна 23 поени.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутален трипл-дабл на Јокиќ: Денвер ја прекина црната серија ВИДЕО

Кошаркарите на Денвер победија како гости во Чикаго (136:120), во натпревар од НБА лигата.…